Поврзи се со нас

Гостивар

Намалени цените за летните бавчи на угостителските објекти во Гостивар

Објавено

на

Угостителите на подрачјето на гостиварската општина ќе плаќаат поевтин надоместок за летните тераси на објектите. Од локалната самоуправа известија дека одлуката е на иницијатива на градоначалникот Арбен Таравари, во склоп на мерките за управување со кризата создадена од пандемијата со Ковид-19.

„Додека во претходните години, во нормални услови, се пресметуваа 180 дена за користење на тераси, оваа година ќе се пресметаат само 120 дена и тоа за 30% пониска цена, што всушност значи дека угостителите годинава ќе плаќаат околу 50% пониска комунална такса за оваа намена. Со оваа олеснителна мерка, градоначалникот Таравари има за цел да им помогне на угостителите полесно да се справат со кризата што се појави од пандемијата.“, се наведува во општинското соопштение.

Претходно Владата донесе Уредба за комуналните такси за време на вонредна состојба, според која: „која пресметувањето и наплатувањето на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории за вршење на дејност од м2 дневно, се изменува, и наместо истата да се плаќа од 5 до 15 денари за м2 дневно, се предлага да се плаќа од 1 до 15 денари за м2 дневно за периодот на времетрање на вонредната состојба, а доколку така одлучат  општините, кои ја наплаќаат оваа јавна давачка, можат да донесат одлука и да не ја наплатат јавната давачка за користење на просторот пред деловни простории.“

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена