Вести
Денес се празнува Светото Благовештение
Според календарот на Македонската православна црква, денес е празникот Благовештение на Пресвета Богородица меѓу народот познат како Благовец. Во раното Христијанство овој празник имал различни имиња: Зачнувањето на Христа, Благовештение за Христа, Почеток на откупувањето, Благовештение од Ангелот на Марија и дури во VII век на Исток и на Запад бил наречен Благовештение на Пресвета Богородица.
Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, или на 25 март според стариот календар. Повеќе аспекти од чинот на Благовештението заслужуваат посебно внимание. Пред сè, единството на природното и натприродното што покажува дека зачнувањето и носењето во утробата, но и раѓањето Христово, се случиле природно и натприродно. Натприродно, затоа што се случло творечки од Пресветиот Дух, а не со семе. Природно, затоа што носењето во утробата било исто на начинот на којшто се носи младенец во утробата.
Именден денес празнуваат: Благој, Благица, Блаже, Благојка, Блага, Благун…
Постои верување дека на Благовец и раната не боли, па затоа се негува обичај на малите деца денес да им се ставаат обетки.
-
Гостиварпред 4 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
-
Гостиварпред 3 месеци
Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец
-
Занимливостипред 3 месеци
Што кажува за вас вашиот датум на раѓање?
-
Гостиварпред 2 месеци
Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица