Вести
Осветена новата фонтана во црквата Пресвета Богородица
На празникот кој го слави влегувањето на Исус Христос во светиот град Ерусалим, Цветници, во Гостивар беше осветена новоизградената фонтана во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Чинот на осветувањето го изврши Митрополитот тетовско-гостиварски господин Јосиф.
Фонтаната, која со големо внимание и љубов се градеше изминатиот период е донација за црквата од дваесетина гостиварски еснафски семејства. Тие се одлучиле да донираат средства за новата фонтана, водејќи се од идејата да придонесат овој православен храм во Гостивар да стане уште поубаво место за сите верници.
Гостиварци кои денес по литургијата за Цветници присуствуваа на осветувањето, ја поздравија идејата и чинот на ктиторите, со кој во дворот на црквата се создаде света оаза за очите и душата на верниците.
-
Гостиварпред 4 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
-
Гостиварпред 3 месеци
Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец
-
Занимливостипред 3 месеци
Што кажува за вас вашиот датум на раѓање?
-
Гостиварпред 2 месеци
Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица