Вести
НАЈЧИТАНИ ВО 2021: Промени во зонското паркирање во Гостивар – дел од паралелното преминува во косо
На крајот сме од оваа 2021 година и редно е да се потсетиме на најинтересните и најчитаните текстови на Gostivarpress.mk од 1 јануари, па се до денеска (без хроника и ковид).
Во следните три дена, целосно ќе ги реобјавиме 10-те најчитаните прилози, да се потсетиме што беше тоа што најмногу го привлече вашето внимание…
Објавено на: на Јан 4, 2021
Јавното претпријатие надлежно за паркинзите во Гостивар најавува промени во зонското паркирање, со цел да се обезбедат дополнителни места за паркирање и да се скратат нервозите и маките на возачите и сообраќајците.
Планирано е дел од паралелното паркирање да премине во косо. Анализите каде има потреба и услови тоа да се спроведе, веќе се направени, а периодов течат подготовките за теренските работи. На овој начин во градот ќе се добијат околу 250 паркинг места плус.
„Направивме физибилити студија и од овој месец ќе започнеме со промени во начинот на зонското паркирање, од паралелно на косо. Така ќе се креираат нови паркинг места, и тоа околу 250. Актуелно располагаме со 840 места за паркирање.“, информира Беким Челебиу, директор на ЈП за паркинзи и зеленило.
За надминување на проблемот со немање доволно паркинг-места во Гостивар, локалната самоуправа во повеќе наврати најавуваше изградба на катна гаража. Според последните најави, објектот би започнал да се гради напролет, а би се ставил во функција наесен.
Претпријатието предвидуваше воведување на зонски паркинг и на ул„Беличица“, но полицијата утврди дека долж оваа улица нема услови за такво нешто.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
-
Гостиварпред 3 месеци
Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец