Поврзи се со нас

Вести

Викенд со сообраќајки во Гостивар и на автопатот

Објавено

на

Во текот на деновите од викендот што го оставивме зад нас, полицијата регистрирала неколку сообраќајни несреќи.  Во саботата навечер околу 22 часот и 30 минути, на булеварот „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар се судриле патничко возило „Мерцедес“ со гостиварски таблици, управувано од 44-годишен жител на с.Србиново и мопед без регистерски таблици, што го управувал 43-годишен гостиварец. Повредениот мотоциклист, со медицинско возило бил пренесен во гостиварската болница и по укажаната помош, пуштен на домашно лекување. Првичните информации покажуваат дека причина за несреќата е недржење растојание, а материјаланта штета се проценува на 80 илјади денари.

Секторот за внатрешни работи информира и за две сообраќајки на автопатот кон Скопје, предизвикани од кучиња бездомници.

Близу наплатната станица Желино, вчеравечер околу 21 часот и 30 минути, товарно возило „Фиат“ со гостиварски таблци, што го управувал 51-годишен гостиварец, удрило и усмртило куче-бездомник, кое поради необезбедениот автопат, неконтролирано се движело по коловозот. Половина час подоцна, на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучката за Камњане, „Пасат“, со гостиварски таблици, управуван од 52-годишен гостиварец исто така, удрил и усмртил куче-бездомник. Возачот и сопатничката во возилото поминале без повреди, а според првичната проценка, причинетата материјална штета изнесува 50 илјади денари.

Со оглед на зачестеноста на сообраќајните несреќи предизвикани од животни, претежно кучиња, особено на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, Секторот за внатрешни работи уште еднаш апелира до возачите да бидат крајно внимателни во вечерните часови, но и воопшто. Покрај тоа, до надлежните за одржување на автопатот се апелира да ги преземат сите неопходни мерки за негово квалитетно обезбедување, со што ќе се оневоможи непречено влегување и движење на животните и загрозување на вкупната сообраќајна безбедност на сите учесници.

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена