Гостивар
Бесплатни правни совети и помош за гостиварци

Во канцеларијата на Подрачната единица на Министерството за правда во Гостивар, граѓаните може да добијат правни совети и помош бесплатно. Со цел да се промовираат ваквите можности, денес во Гостивар се спроведе кампања на која присуствуваа и ресорниот министер Кренар Лога и градоначалникот Арбен Таравари.
„Граѓаните да се сензибилизираат за добивање бесплатна правна помош, особено секундарна правна помош за оние ранливите катерогии кои имаат загарантирани права со устав и закон“, изјави министерот.
Бесплатната правна помош е наменета за ранливите граѓани кои се во тешка финансиска состојба со што ќе им се овозможи да добијат правна помош од адвокат и фер судење. Граѓаните имаа можност одблиску да се информираат и да добијат одговори за начинот на кој може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи го семејното насилство, старателство, дискриминација, социјална и здравствена заштита, работни спорови, оставински постапки.
„Ова е иницијатива многу добродојдена за граѓаните. Во подрачната единица на Министерството за правда ќе се даваат правни совети на сите граѓани кои имаат потреба. Ние како општина ќе се обидуваме колку што можеме да им помогнеме и да ги упатуваме граѓаните кои имаат потреба од правни совети, бидејќи и има такви кои доаѓаат во општината за таа цел“, кажа Таравари.
Кампањата се реализира во различни региони во земјава и е поддржана од Европската Унија и Советот на Европа. „На ваков начин го зајакнуваме пристапот до правда за граѓаните, што е една од основните вредности на ЕУ и Советот на ЕУ“, рече Ирена Цуцуловска Јакимовска, проектен координатор во канцеларијата на Советот на Европа во Скопје.
Кампањата е организирана во рамките на проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош во Северна Македонија“.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!