Поврзи се со нас

Македонија

ДИК: Двојните избори ќе чинат речиси 17 милиони евра, од кои 10,6 се за платено политичко рекламирање

Објавено

на

Двојните избори кои ќе се спроведат во април и мај државата ќе ја чинат речиси 17 милиони евра, соопшти потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК), Дитмире Шеху на 73-тата седница, на која се изгласаа вкупно 22 точки на дневниот ред.

Шеху образложи дека над шест милиони евра ќе одат за организирање на изборите, со обезбедување на доверлив и недоверлив материјал, транспорт, паричен надоместок за избирачките органи, односно на членовите на општинските изборни комисии, избирачките одбори, додека за платено политичко рекламирање за двојните избори се предвидени 656 милиони денари или над 10.614.000 евра.

„Ќе наведам колку средства ќе бидат потрошени за парламентарни и претседателски избори, бидејќи за претседателски избори ќе се користат повеќе средства во делот на платено политичко рекламирање, затоа што во првиот круг за претседателски избори на сите учесници во изборите им следува по две евра за запишан избирач, уште еднаш да повторам на запишан избирач на избирачкиот список. Исто така и по едно евро на кандидатите кои ќе бидат во вториот круг, исто така на запишан избирач. Додека за парламентарните избори по две евра на сите учесници во избори, исто така на запишан избирач. Тука само да наведам дека од вкупните средства ги баравме од Министерството за финансии, сите средства ни се дадени, само во делот ни недостасуваат во платено политичко рекламирање, каде со самиот Министер за финансии се договоривме дека овие средства ќе ги надополнат, подоцна, бидејќи средствата за платено политичко рекламирање се плаќаат 30 дена по конечноста на резултатите, ова нема да влијае и нема да имаме проблеми во текот на организирањето на изборите“, вели Шеху.

Таа истакна дека колку финансиски средства побарале, толку им се одобрени за организирање на претседателските и парламентарни избори. Членовите на Државната изборна комисија на денешната 73 седница сите 21 Предлог одлука или план кои се поврзани со организирање на двојните избори ги донесоа едногласно. Потпретседателката на ДИК, Шеху во последната 22 точка разно истакна дека јавноста е заинтересирана во делот на идентификација на гласачите и дали ДИК е подготвена за организирање на двојните избори. Таа посочи дека ДИК нејзините членови и вработени веќе една година се подготвуваат за двојните избори да поминат во фер, демократска атмосфера и да бидат безбедни.

„Идентификацијата на гласачи ќе биде со отпечаток од прст, што беше усвоено и ставено во Законот од 2020 година, но после тоа читав дека во одредени портали сум била јас спомната од одредени политички партии дека претставникот на ДУИ бил да не кажам против, правел проблеми во ДИК и не сакал да има идентификација со отпечаток од прст. Тука сте вие колеги бидејќи на седница не сум го кажала тоа и вие сте свесни и ги слушате сите седници, како што претходно кажав се јавни и да потврдите дали некогаш е разговарано на оваа тема“, вели Шеху.

Таа упати демант до одредени портали кои лиферувале вакви информации.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 8 часа

Бигорскиот манастир домаќин на млади уметници од „Мал Битолски Монмартр“

Гостиварпред 11 часа

Во пресрет на доаѓањето на печалбарите подготовки и мерки за ред во сообраќајот

Гостиварпред 12 часа

Бездомно куче нападнало жена во Гостивар

Македонијапред 13 часа

Матични лекари се жалат на казни за пречекорувања на издадени лекови

Гостиварпред 14 часа

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 15 часа

Пронајдените неексплодирани убојни средства во Гостивар се гранати од Првата светска војна

Вестипред 15 часа

Путин се закани: Ќе има сериозни последици за Европа, малите земји си играат со оган

Гостиварпред 18 часа

Неексплодирана бомба најдена во Гостивар при градежни работи

Здравје и убавинапред 19 часа

Триглицериди – во која храна ги има најмногу и на што треба да обрнеме внимание

Гостиварпред 3 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Македонијапред 3 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 4 недели

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 2 недели

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Гостиварпред 4 недели

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Гостиварпред 1 недела

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Гостиварпред 4 недели

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Бизниспред 4 недели

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Македонијапред 3 недели

Кои се старо-нови пратеници, а кој ќе се збогува со Собранието

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена