Поврзи се со нас

Вести

Се гради канализација во гостиварското село Здуње

Објавено

на

Во гостиварско Здуње отпочна изградба на канализација која треба да покрие околку половина од домаќинствата во селото. Проектот е на Јавното претпријатие „Комуналец“ и општина Гостивар. Канализационата мрежа е долга околу еден километар и според најавите ќе се комплетира за три недели.

„Нашето село е мултиетничко, кадешто живеат Македонци, Албанци и Турци и овој  проект е за доброто на сите, затоа сме благодарни на општината за инвестицијата“, рекоа жители на Здуње кои го пречекаа градоначалникот Арбен Таравари на местото на почетокот на работите.

За точната сума, колку ќе чини канализацијата, градоначалникот рече дека медиумите и јавноста дополнително ќе бидат известени. Во својата изјава нагласи дека како локална власт периодов ќе реализираат повеќе инфраструктурни зафати.

„И покрај опструкциите и пречките, ние работиме. Ова е една од капиталните инвестици кои ги ветивме во предизборната кампања. Во текот на следните денови предвидено е да се започне со реконструкција на патот Лакавица-Србиново, како и со изградба на водоводот во селото Дебреше“, изјави Таравари.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Македонијапред 3 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Гостиварпред 4 недели

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Гостиварпред 4 недели

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Видео емисиипред 6 дена

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 3 недели

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена