Гостивар
Казнети заради неисправни сопирачки – има ли крај на хаосот во јавниот превоз во Гостивар?
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2017/02/stop_policija.jpg)
Полицијата вчера спроведе уште една од планираните засилени контроли на возилата кои вршат јавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња на гостиварското подрачје. И оваа акција потврди дека нема ред кај јавните превозници и не се почитуваат правилата и прописите, со што дирекно се загрозуваат патниците, како и другите учесници во сообраќајот.
Со контролата во Гостивар вкупно биле опфатени единаесет возила, а техничка неисправност била откриена кај пет од нив. Конкретно четири возила имале неисправни сопирачки, додека едно неисправен уред за управување.
На технички неисправните изготвени им се прекршочни платни налози и веднаш се исклучени од сообраќај, извести Секторот за внатрешни работи.
Контролите врз јавните превозници се интензивираа по трагичната сообраќајна автобуска несреќа на автопатот Тетово-Скопје.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа