Вести
Ќе се отвораат нови центри за ран детски развој низ селата во Гостивар
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2017/08/Qtoys-Puzzles-4.jpg)
Неколку населени места на гостиварското подрачје ќе добијат установи за згрижување на деца од предучилишна возраст. Станува збор за селата Равен, Форино, Горна и Долна Бањица и Беловиште каде во склоп на основните училишта ќе бидат отворени Центри за ран детски развој, за деца на возраст од 3 до 6 години.
Како што соопштуваат од локалната самоуправа, општина Гостивар и канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје потпишале меморандум за соработка за реализација на овие центри. Договорот предвидува општината да обезбеди простории, плати на вработените, трошоци за струја, вода, греење и слично, додека УНИЦЕФ ќе обезбеди средства за адаптација на занималните, набавка на потребната опрема како мебел, разни реквизити, играчки и друго што се користи за работа со деца во предшколска возраст.
Центрите за ран детски развој претставуваат алтернатива на градинките во локални заедници каде нема детски градинки, пред се селските средини. Разликата помеѓу градинките и Центрите за ран детски развој е во тоа што Центрите не обезбедуваат услуги за целодневна грижа за детето, нема оброци и спиење, туку децата учествуваат во организирана програма за рано учење, обично по два часа во денот. Вакви установи претходно беа отворени во селата Дебреше, Чегране и населбата Циглана.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа