Гостивар
Над 45 единици на крв во првата крводарителна акција годинава во ПС Гостивар
Во Полициската станица Гостивар денес се спроведе првата крводарителна акција за оваа година. Гостиварските полициски службеници се познати како хумани крводарители, а тоа се докажа и денес. Акцијата се заокружи успешно, одзивот беше голем и со собрани над 45 единици на крв.
„Традиционално секоја година во ПС Гостивар се одржуваат три крводарителни акции, а денешната е прва во 2019-та. Нашиот апел и порака се „Дарувај крв, спаси нечиј живот“, рече координаторот за крводарителство во ПС Гостивар, Игор Јовановски.
Акцијата ја организираше Општинска организација на Црвениот Крст – Гостивар во соработка со Институтот за трансфузиологија.
За ПС Гостивар може да се каже дека е рекордер меѓу полициските станици во крводарување.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа