Македонија
Поевтинуваат катастарските услуги, некои и до 90%
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2017/11/KATASTARSKI-PARCELI-PLAN.jpg)
Се намалуваат цените на дел од услугите на Катастарот. Владата ја усвои одлуката со која се менуваат тарифниците.
Земјоделците ќе плаќаат и до 85 отсто помалку доколку сакаат да ја сменат културата која ја произведуваат. Ова е особено важно за корисниците на субвенции, вели првиот човек на Катастарот.
За површини над 10 ха наместо 100 000 денари производителите ќе платат само 15 000.
-Досега за промена на културата за површина до 1 ха се плаќало надоместок од 8000 денари, сега ќе се плаќа 5000 денари. За површини од 1ха па нагоре надоместокот беше 60 000 денари, сега ќе биде 10 000денари.
И имателите на инфраструктурни објекти ќе вадат поевтини имотни листови. Наместо сегашните 194 ќе плаќаат 180 денари, додека за граѓаните останува истата цена.
-Граѓаните помалку ќе плаќаат за запишување на правата на недвижнини односно станови и куќи. Досега цената беше 10 денари за квадрат, сега ќе биде 8 денари. Поевтинува и бришењето на облигациони права кај лизингот,закуп, договор за доживотна издршка и сл.
Пониските цени ќе важат по објавувањето на одлуката во Службен весник. Најверојатно ќе стартуваат следната недела.
Извор: Сител
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа