Поврзи се со нас

Магазин

Помалку стрес и правилно дишење за да ја победите анксиозноста

Објавено

на

 

Со нашиот соработник од областа на психологијата, м-р Слаѓана Анѓелкоска, психолог во Центарот за социјална работа во Гостивар поразговаравме на актуелна тема која засегнува голем број луѓе од сите возрасти во денешно време: Анксиозноста.

Анксиозноста е составен дел од животот и повремено се јавува кај секој човек со различен интензитет – од мала нелагодност, па до голема паника. Преку стручните одговори на психологот дознајте кои се симптомите на анксиозноста и како да ја ставите под контрола.

 

Како еден човек може да ја препознаеме сопствената анксиозност, кои се вообичаените симптоми?

 

Анѓелкоска: Анксиозноста се изразува со низа на телесни симптоми како што се забрзано чукање на срцето, потење, тресење на разете или телото, сушење на устата, тешкотии во дишењето, мачнина во желудникот, чувство на топлина, напнатост на мускулите, чувство дека не сме во состојба да се опуштиме, грутка во грлото.

Психичките симптоми кои се јавуваат при појава на анксиозноста се: чувство на општа слабост, заматеност, намалена концентрација, страв од смрт, чувство на јака загриженост, чувство дека секој момент ќе се случи нешто непријатно. Кога овие симптоми се јавуваат како одговор на некоја ситуација за која поединецот е загрижен и ја очекува, станува збор за очекувана анксиозност и таа не треба да е загрижувачка. Но, кога некои од симптомите се постојани или се јавуваат во напад на паника или во некоја посебна ситуација од која личноста вообичаено не се плаши, тогаш се работи за анксиозно пореметување.

 

Кои се факторите кои влијаат за појава на анксиозноста и ваквите пореметувања?

 

Анѓелкоска:Во појавата на анксиозното пореметување влијаат различни фактори како што се искуството во детството, стресни ситуации, индивидуална чувствителност, начин на соочување со стрес. Искуството од детството може да биде поради изложеност на сепарација од емоционално значајна особа, трауматско доживување и друго. Стресните случувања може да бидат предизвикани од губиток на емоционално значајна особа, прекин на емоционална врска, притисок на работно место, финансиски проблеми, сериозна телесна болест, големи промени во животот како што се преселба, стапување во брак, раѓање на дете. Надворешни стресни ситуации може да придонесат до појава на анксиозност, но сами по себе не се доволни за да го објаснат јавувањето на анксиозноста.

Во справувањето со анксиозноста потребно е да се согледа индивидуалното чувство на личноста за верувањето кои се причините за појава на анксиозноста, доколку се тоа надворешни случувања кои не може да се променат, може да се промени начинот на толкување на тоа случување,д а се направи план за решавање на негативните последици од тоа случување.

Анксиозноста е природна реакција на опасност  и симптомите на анксиозност се јавуваат секогаш  кога постои чувство на опасност, која може да биде објективна или субјективна. Без разлика дали ќе се појави вистинска опасност или не симптомите секако ќе се појават, и тие симптоми го припремаат телото за опасност.

Во состојба на анксиозност телото реагира како да е во опасност и се спрема за реакција на борба или бегство за што се потребни напнати мускули, а за што е потребно повеќе кислород и адреналин, за да се зголеми дотокот на кислород се забрзува дишењето. Со забрзување на дишењето може се јават потешкотии во доаѓање до воздух, градните мускули стануваат напнати, а тоа може да се доживее како болка во градите и градниот кош. Зголемено количество на кислород во крвта може да доведе до несвестица. Од друга страна, адреналинот доведува до забрзана работа на срцето, зголемена напнатост на мускулите, што може да доведе до главоболка, болка во вратот, чувство на обрач околу главата и треперење на мускулите. Со ефектот на адреналинот поврзани се сува уста, замаглен вид, тешкотии во голтањето, мачнина и потење.

 

Како може да се контролираат симптомите на анксиозност?

 

Анѓелкоска: Без разлика на причините кои доведуваат до анксиозност, таа има свое место и во мозокот бидејќи е психолошки и биолошки поврзана. Разбирањето на анксиозноста на мозочниот дел се однесува на дисбаланс на различни неуротрансмитери на некои регии во мозокот. Лековите кои што се користат за лекување на анксиозноста делуваат на овој дисбаланс и биолошки ги намалуват симптомите на болеста.

Покрај медикаментозната терапија се применуваат одредени вежби со кои се намалува, а една од најефикасните методи е методот на дишење од стомак.

Голем број на лица кои ги имаат симптомите на анксиозност, поради неправилно дишење ги уште повеќе ги влошуваат. Присутно е чувство на недостиг на воздух, што се настојува да се надокнади со длабоко вдишување. Луѓето кои забрзано дишат од градниот кош, а не го користат стомачното дишење, ќе предизвикаат болка во градниот кош. Кај лицата кои страдаат од анксиозност, добро е да им се препорача дишење низ нос и стомак.

Од корист може да биде следната вежба:

  • Седни или потпри се на нешто, заджи го воздухот и број до 10 после тоа воздивни и кажи си себе си со смирена глава „опушти се“
  • Вдиши и издиши во циклус од 6 секунди
  • Вдиши за 3 секунди и издиши за 3 секунди.

 

Целта на правилното дишење кај лицето со анксиозност е стравот да не го развие во паника. Најважно е прво да се забележат симптомите на забрзано дишење, а потоа да се примени техника за стомачно дишење.

Симптомите на анксиозност може да се контролираат и со помош на вежби за релаксација,автоген тренинг, контрола на симптомите со визуелизација како и со избегнување на фибичен страв, пренасочување на вниманието и со примена на ментални игри.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Македонијапред 3 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Гостиварпред 4 недели

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Гостиварпред 4 недели

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Видео емисиипред 1 недела

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 4 недели

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Гостиварпред 5 дена

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена