Вести
Повеќе од 79% домаќинства во Македонија користат интернет
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/10/gp-e1540456994988.jpg)
Во првото тримесечје од 2018 година, 79,3 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за шест процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2017 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од 2018 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 79,2 отсто, а 68,7 отсто го користеле секој ден или речиси секој ден.
Мобилниот телефон или паметниот телефон биле најкористени средства за пристап до интернет кај корисниците на интернет во овој период, а најмногу 91,8 отсто кај лицата на возраст од 15 до 24 години.
Статистичките податоци покажуваат дека 74,9 отсто од лицата користеле компјутери, лаптопи, паметни телефони, таблети или други преносливи уреди на работа, 31,6 отсто од лицата кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а мнозинството 54,9 отсто од нив купиле облека или спортска опрема.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа