Поврзи се со нас

Гостивар

Повредени, родители и роднини на загинати во „Ласкарци“ побараа најстрога казна за обвинетите

Објавено

на

Оштетени, родители и роднини на загинати во сообраќајната несреќа кај Ласкарци денеска во Основен кривичен суд Скопје во своите завршни зборови побараа осудителна пресуда со најстрога казна за шестмината обвинети.

Јасмина Михајловска, една од повредените во несреќата, побара правда за шестнаесетмината за кои, како што рече, ја немаа нејзината среќа да останат живи.

„Поради сообраќајката имам скршена кичма и никогаш нема да можам да одам нормално. Среќа останав жива. Ако не за мене, за тие 16 души што ја немаа мојата среќа, барам да се осудат сите шестмина обвинети“, рече таа.

Благојче Трпевски, татко на Јовица Трпевски, загинат во сообраќајната несреќа побара најстрога казна, како што рече, со цел во иднина да не се повтори ваква трагедија и да извлечат наредните генерации поука.

„Ние нашите деца нема да ги вратиме, за тоа сме свесни иако нашиот живот, на цело семејство се претвори во пекол. Ништо не може нашата трагедија да ја надомести, ниту материјално, ниту не знам какво било. Сите шест обвинети се изјаснија дека се невини. Јас прашувам како се случи и како дојде до оваа незгода да загинат 16 невини луѓе. Затоа барам уште еднаш, имате и вие деца, сите ние имаме деца, оставам на ваша совест да навистина донесете правична, меѓутоа строга казна за сите шест обвинети“, рече тој.

Соња Аврамовски, мајка на загинатиот Бобан Аврамовски, исто така побара најстрога казна.

„Барам за сите шест обвинети да се донесе најстрога казна имајќи ги предвид отежнителните околности за сите шест со претходни криминални дејствија. Со нивното незаконско и неодговорно работење доведоа до ваква трагедија. Животот ни го претворија во пекол во овие пет години и наредните додека сме живи“, рече таа, дополнувајќи дека бара на обвинетите да им се изрече и забрана за вршење на дејност.

Кон обвинителниот акт се приклучи и Синиша Ристовски, брат на починатиот Дејан Ристовски, истакна дека вината е кај сите шест обвинети и побара  најстрого да бидат санкционирани.

„Во мое име и во име на внуките Бисера и Петра, девојчиња малолетни кои останаа без својот татко, и во име на мојата сестра, снаа и цела наша фамилија, целосно се согласуваме и се придружуваме кон обвинителниот акт на јавниот обвинител во која вината е кај сите шест обвинети и бараме од вас најстрого да бидат санкционирани“, рече тој.

Претходно, Јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, денеска побара најстрога казна за обвинетите во случајот „Ласкарци“. Според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“.

Во завршните зборови обвинителот истакна дека изведените докази во текот на расправата, надвор од разумен сомнеж покажуваат дека дејствијата на сите обвинети се во директна врска со последицата која резултираше со 16 лица кои загинаа.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Македонијапред 4 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Видео емисиипред 2 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 2 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 2 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Во пресрет на доаѓањето на печалбарите подготовки и мерки за ред во сообраќајот

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 1 недела

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена