Гостивар
Проектот „Стоп на говор на омраза“ почна од медицинското училиште во Гостивар
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2023/10/viber_image_2023-10-17_16-43-27-659.jpg)
Секторот за внатрешни работи Тетово започна со практична имплементација на превентивно-едукативниот проект „Стоп на говорот на омраза“, чиј носител е Отсекот за превенција. Со овој проект, што инаку се реализира петта година по ред, вкупно ќе бидат опфатени над 2.500 ученици од гостиварските и тетовските средни училишта, а првите предавања беа одржани во Средното медицинско училиште во Гостивар.
„Полициски службеници на СВР Тетово на посебен час поблиску ги запознаа учениците со формите и начините на кои се манифестира говорот на омраза, претежно преку социјалните мрежи или во директен контакт со други врсници или повозрасни од нив. Учениците, исто така, беа информирани и за законските импликации за говор на омраза, посебно за оние форми на ваков говор кои во крајна линија предизвикуваат национална, верска или друга нетрпеливост, а кои се темелат на поединечни или групни предрасуди, стереотипи или други општествено негативни состојби и појави. Вакви предавања идната недела планирани се и во тетовските средни училишта.“, соопшти СВР.
Основа цел на проектот е учениците-адолесценти да ги согледаат негативните страни на говорот на омраза и да се воздржат од практикување на истиот, најчесто преку социјалните мрежи, зашто тој може да предизвика други несакани последици.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа