Гостивар
Пустошење шума и измами за кредит се најчести дела од економски криминал во Гостивар
Во текот на минатата година на подрачјето што го покрива Полициската станица Гостивар, биле откриени 90 кривични дела од областа на економскиот криминал, што е речиси трипати повеќе споредено со 2017-та. Како што е наведено во годишниот извешај на гостиварската полиција, најчести дела од ваков вид се „пустошење шума“ со вкупно 44 и „измама при добивање на кредит или друга погодност“ , кои ги имало 23 дела. При измамите за добивање кредит, сторителите фалсификуваат документи, креираат лажни мејлови и злоупотребуваат податоци и на тој начин ги доведуваат во заблуда давателите на услугите, банки или физички лица.
Освен овие, полицијата открила и осум случаи на бесправно градење, пет злоупотреби на службена положба, а регистрирала и случаи на проневера во службата, компјутерска измама и злоупотреба на кредитна картичка.
Нанесената штета на државата со кривичните дела од економски криминал откриени лани се проценува на 4,2 милиони денари.
Кривичните дела биле извршени од 80 сторители, против кои се поднесени 48 кривични пријави.
Што се однесува до организираниот криминал, минатата година гостиварската полиција поднела девет кривични пријави за „перење пари и други приноси од казниво дело“, а биле регистрирани и дела „фалсификување на пари“, во кои биле разоткриени банкноти на странска валута.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа