Гостивар
Се бара чаре за целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар

На барање на поголема група родители на деца кои учат во основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар за овозможување целодневна настава, се разгледуваат можностите да се обезбедат соодветни услови. Подготовки се прават, добра волја од надлежните има, но сепак неизвесно е кога би можело да профункционира таков тип на работа кој подразбира престој на учениците во адаптирана просторија за згрижување и пишување домашни задачи по редовната настава.
„Како родители инсистираме да се воведе целодневна настава во училиштето, крајно е неопходно. Од градинката излегуваат во пресрет и примаат одреден број деца, но тоа ни од далеку не го исполнува капацитетот, затоа и бараме во училиштето да има услови за целодневна. Имавме заеднички состанок на кој присуствуваа школската управа и надлежните во општината, добивме ветување дека ќе се оствари и се надеваме на решавање“, велат претставници на групата родители.
Училишната управа изготвила и поднела проект до локалната самоуправа за просторија за целодневна настава лоцирана во делот на холот на школскиот објект, со капацитет колку една паралелка.
„Се работи за оградување и уредување на простор од околу 60 метри квадратни и тоа би било некое да решеме првично решение, најитно, за згрижување на 25 до 26 деца. Доставивме идеен проект до општината и очекуваме позитивен одговор, да застанат финасиски зад тоа, затоа што ние како училиште немаме доволно средства, инаку инвентар и други поситни работи секако дека ќе обезбедиме“, кажа директорката на училиштето Гордана Мојсоска.
Од Секторот за образование на Општина Гостивар рекоа дека сакаат да излезат во пресрет на барањата на родителите и училиштето, но кога би почнале конкретни работи, зависи од административните процедури.
„Општината ќе издвои финансии за просторија, и ние ќе се потрудиме тоа да се реализира во што е можно побрзо време, но сепак зависи од процедурите што мора да се запазат, треба тендер да се отвора и слично. Најголема пречка е ангажирањето на кадар, ние ќе бараме од Министерството да одобри, но искуствата кажуваат дека тоа оди тешко.“, вели раководителката на Секторот за образование, Аслијан Снопче.
Трајното решение и излегување во пресрет на барањата на родителите а целодневен престој е адаптација на некогашната просторија, којашто се користеше како кујна во училиштето, за што пак се потребни поголеми финансиски средства.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!