Гостивар
Се празнат школските клупи, и годинава одлука на Совет Гостивар за паралелки со помал број ученици

Трендот на намалување на бројката на ученици, не го одминува и гостиварското подрачје. Во школските клупи има се‘ помалку деца, „данок“ на иселувањето, одложување на мајчинството и тековите на формирање семејства со едно до најмногу две дечиња.
Секоја година, Советот на Општина Гостивар гласа за одлука со која дава согласност да се формираат паралелки во училиштата со помалку од 24 ученици, што е пак законскиот минимум. Тоа се однесува и на основните и на средните училишта.
Ваква одлука беше донесена и на денашната седница на Советот.
„Факт е дека се намалува бројката на ученици и како Сектор за образование секоја година бараме согласност од Советот за паралелки со под 24 ученици. Тоа е една формалност што треба да ја поминеме. Дај боже да има повеќе од 24 деца во паралелка, но реалноста е таква каква што е“, рече раководителката на општинскиот Сектор за образование, Аслијан Снопче.
Во период од неколку години бројот на првачиња на гостиварска територија е опаднат за стотина.
Утре, со стартот на новата учебна година ќе се знаат и актуелните податоци за бројката на ученици.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден