Поврзи се со нас

Вести

Што е „кристал мет“, опасната дрога која за прв пат беше откриена во Македонија?

Објавено

на

Ефтина, лесна за производство, а поопасна од кокаин и хероин. Го остарува организмот и носи смрт по две, три години употреба. Ова се карактеристиките на дрогата кристал мет или “кокаин за сиромашни” која за прв пат беше пронајдена во Македонија во акција на полицијата во куќа во скопското село Грчец каде МВР откри лабораторија за нејзино производство.

Типичен зависник од кристал мет има чувство дека по телото го лазат инсекти, што му предизвикува неконтролирано чешање до создавање на рани. Од дрогата за кратко време почнуваат да паѓаат забите, нагло се слабее и се оштетува нервниот систем.

Кристал мет има психоактивно дејство и го држи организмот буден. Се користела во Втората светска војна, под името Первентин како средство против замор и им било давано на пилоти и тенковскиот екипаж кои имале долги ноќни мисии.

Поради тоа што не чини многу, се нарекува „кокаин за сиромашни“. Инаку за прв пат била синтетизирана во 1919 година од јапонскиот хемичар Акира Огата.

Стигнал ли кристал мет на црниот пазар во Македонија или е навреме откриена? МВР вели дека најверојатно дрогата во земјава е откриена пред да биде пуштена во промет, но сепак истрагата за овој случај продолжува.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Македонијапред 3 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Гостиварпред 4 недели

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Гостиварпред 4 недели

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Видео емисиипред 1 недела

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 4 недели

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Гостиварпред 5 дена

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена