Гостивар
СОНК Гостивар одлучува дали е за ШТРАЈК, конечниот став утре

Откако не наидоа на позитивен одговор за своите барања за усогласување на платите согласно зголемувањето на минималецот, регионалните одбори на Синдикатот за образование, наука и култура деновиве одлучуваат дали се за организирање на генерален штрајк.
И членството на СОНК Гостивар се изјаснува по ова прашање, а одлуката ќе биде позната утре (петок) откако ќе се разгледаат записиниците за ставот на членовите. На државно ниво конечната одлука ќе биде донесена во понеделник.
Досегашните сознанија укажуваат дека СОНК ќе стапи во генерален штрајк, кој би започнал на 11 април.
„Социјалниот дијалог ние го почнавме по донесување на одлуката за зголемување на минималната плата и ги почнавме разговорите со Министерството за образование и со Министерството за труд и социјала. Во МОН имавме неколку состаноци, но МТСП речиси не‘ игнорираше. Министерот за образование ги прифаќа нашите барања за зголемување на платата според растот на минималната, но образложи дека едноставно нема средства во буџетот и прашањето го префрли во Владата. Пред два дена беше одржан економско социјален совет на ниво на државата, каде бевме и ние како синдикат и се дискутираше за нашите барања. Изнесувањето на министерот за финансии беше дека моментално во оваа криза, невозможно е да им зголемување на останатите плати. Ние секако излеговме незадоволни од тој состанок и ги презмамаме законски предвидените мерки и права. Како резултат на тоа, секоја синдикална организација одржува состаноци, а во Гостивар утре се одлучува и ќе биде кажан ставот Дали членството е за штрајк. На ниво на државата ќе се знае во понеделник.“, изјави Тафа Амети, претседател на Регионалниот одбор на СОНК во Гостивар и потпретседател на синдикатот на републичко ниво.
Амети вели дека членството и од училиштата и од градинките, е огорчено и од она што го знаат до овој момент, повеќето се за да одат директно на генерален штрајк. „Секако треба да ги почекаме записниците од синдикалните организации за да донесеме конечна одлука на ниво на регион на Гостивар, а потоа и на државно ниво. Според законот, по донесување на одлука за генерален штрајк, се чека 15 дена на евентуални преговори, доколку не дојде до договор, за што секако повторно ќе го прашаме членството, некаде околу 11 април би почнал штрајкот. Мое мислење е дека ќе има штрајк, но секако треба да почекаме да ги собереме записиниците, да видиме како одлучило членството.’, рече Амети.
Регионалниот одбор на СОНК Гостивар брои вкупно 1.700 членови.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022