Поврзи се со нас

Гостивар

Утре во Гостивар – Обука за жени претприемачки за решавање проблеми и креирање бизнис планови и идеи

Објавено

на

Утре (28 септември) во Гостивар, ќе се одржи обука на жени претприемачки на која ќе се дискутира за решавање проблеми и креирање бизнис идеи и иновации. Предавач на настанот ќе биде Сергеј Зафировски, менаџер и експерт за претприемаштво.

Обуката, која е дел од проектот за “Подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво” на Националната платформа за женско претприемништво ќе се одржи во просториите на Ресурсниот центар во Гостивар со почеток во 10 часот.

„Главната цел на проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политики и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа. Исто така други цели на проектот се: градење на национална платформа за женското претприемништво како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси, олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво, подобрување на капацитетите на граѓанските организации за женското претприемништво за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти и промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика.“, велат од Националната платформа за женско претприемништво.

Од таму посочуваат дека и покрај тоа што е зголемен фокусот на создавање на подобри услови за развој на женското претприемништво, сепак земјата сè уште се соочува со сериозни предизвици кога станува збор за зголемување на бројот на жени претприемачи и нивната конкурентност.

„Истовремено, многу меѓународни компаративни трудови и индекси укажуваат на тоа дека Северна Македонија има значителна родова нееднаквост во учеството во економскиот живот на земјата и во пристапот до ресурсите и можностите. Со дизајнирање на Платформата се става акцент на потребата за дијалог, структурна соработка и доверба помеѓу националната / локалната власт и деловната заедница во корист на економското зајакнување на жените, вклучително и младите и руралните жени. Идејата за проектот произлегува од фактот дека инвестирањето во жени е едно од најефикасните средства за зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст. Поврзувањето на приватниот сектор со институциите, општините и сл. ќе придонесе за развој на претприемачката свест и свеста за постоење на можност за креирање на заеднички политики кои ќе придонесат за општото добро.“, нагласуваат од Националната платформа за женско претприемништво.

Здружението на бизнис жени активно работи на подобрување на условите за жените во бизнисот и со тоа станува препознатлив ентитет и веќе има повеќе од 300 члена, жени претприемачи.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 4 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 3 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Гостиварпред 4 дена

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Вестипред 4 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Гостиварпред 2 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена