Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар се гради првата од три предвидени катни гаражи

Објавено

на

На локација во градскиот парк близу Кејот на Вардар во Гостивар се изведуваат работи за изградба на катна гаража. Тоа е првата од вкупно три кои се предвидени да се градат во градот, со цел да се обезбедат повеќе паркинг места и да се олесни протокот на сообраќај.

„Планирани се три катни гаражи, од кои едната веќе почна да се гради близу шеталиштето на Вардар. Другите ќе бидат близу болницата и социјално. Вкупниот капацитет на трите ќе биде за над 200 возила. Сакам да истакнам дека во Генералниот урбанистички план од 2016 година предвидени се катните гаражи, исто така и во деталните урбанистички планови кои се донесени потоа, согласно ГУП-от, а одлуката помина и во Советот на Општина Гостивар.“, информира раководителот на Секторот за урбанизам во општината, Семир Зулбеари.

Катните гаражи се реализираат по моделот на јавно-приватно партнерство во кое се вклучени општината и две приватни компании. Зависно од временските прилики, ако оди се според предвиденото, ќе биде готова до крајот на годината или на почетокот на следната година. Стартот на градежните работи за останатите две, исто така зависи од временските услови, доколку се поволни најавите се дека би почнале есенва. Во спротивно, надлежните информираат дека тоа би се случило напролет догодина.

Во Гостивар на располагање се 840 паркинг места во зонско паркирање и два паркинзи од затворен тип, што ни оддалеку не ги задоволува потребите. Недостигот на паркинг места е проблем што се провлекува со децении, особено потенциран во периодите кога поради престојот на печалбарите се зголемува фреквенцијата на сообраќај и се создаваат големи гужви низ улиците.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 недела

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Македонијапред 4 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Видео емисиипред 2 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 4 недели

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Гостиварпред 1 недела

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 3 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 4 недели

Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат тука

Гостиварпред 2 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена