Македонија
Во тек е вакцинацијата на наставниците кои држат часови со физичко присуство
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2021/04/vak.jpg)
Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, во тек е процесот на имунизација со прва доза антиковид вакцина, на просветниот кадар кој држи часови со физичко присуство. Според најавите, во наредните денови вакцина ќе примаат воспитувачките од детските градинки.
„Одлично тече вакцинацијата на наставничките и наставниците од 1 до 3 одделение во салата „Борис Трајковски“ . Вчера и денес треба да се вакцинираат 3000 пријавени од оваа група. Со ова го заштитуваме образовниот процес кај децата со физичко присуство во најниските одделенија. Вакцинацијата следните денови продолжува со воспитувачките од градинките.“, извести министерот за здравство Венко Филипче.
Министерката за образование Мила Царовска упати апел вработените во образованието да се пријавуваат за вакцини. „Апелирам наставниците да се пријавуваат за вакцинација со цел побрзо сузбивање на корона вирусот и заштита на обвразовниот процес. Состојбата во образование со корона вирусот е стабилна и хибридниот модел на настава кој се применува се покажа како ефективен за заштита на учениците и наставниците од ширење на Ковид во училиштата.Во овој период на територија на целата држава има 57 инфицирани ученици и 130 наставници кои следат и изведуваат настава со физичко присуство, што е исклучително ниска бројка.“, наведе министерката.
Вчера во салата, која е пункт за масовна вакцинација, се вакцинираа припадниците на Армијата. Во пунктовите низ другите градови во земјава се одвива вакцинирањето на населението над 75 години.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа