Македонија
За фискалните скенирани од 12 јуни наваму, 20% поврат на ДДВ од македонски производи

Измените во пресметка на повратот на ДДВ ќе важат за фискалните сметки скенирани од 12 јуни наваму. Тоа значи дека повратот на делот од данокот на додадена вредност пресметан на прометот на македонски производи ќе се врши во висина од 20%, а за останати добра и услуги во висина од 10%.
„Со цел имплементација на мерката преку која се поттикнува потрошувачката на македонските добра и услуги, Управата за јавни приходи брзо и ефикасно ја прилагоди апликацијата МојДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе им се изврши поврат во висина од 20%, а за останатите добра и услуги во висина од 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка. Со овие прилагодувања, за скенираните сметки од 12.06.2020 година, повторно ќе се изврши пресметка, според раздвојувањето на македонски добра и услуги со 20% и останати добра и услуги со 10%, наместо досегашните 15% поврат на ДДВ. Поради оваа повторна пресметка износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесчје може да претрпи промена.“, информираат од УЈП.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос