Поврзи се со нас

Гостивар

Загадување: Во Гостивар со месеци не се мери нивото на штетните ПМ10 честици

Објавено

на

Повеќе од четири месеци гостиварци не знаат каков воздух дишат. Мерната станица во Гостивар не го покажува нивото на загадување со штетните ПМ 10 честички. На интернeт страницата на Министерството за животна средина, каде се објавуваат параметри од мерењата на аерозагадувањето, податоци присуството на ПМ10 за Гостивар, нема подолг период, а така остана и во досегашниот тек на грејната сезона.

Од Министерството за животна средина, пред околу еден месец соопштија дека на пет мерни станици меѓу кои и онаа во Гостивар, одредени инструменти заради дотраеност, се во фаза на замена.
„Во однос на инструментите за мерење на РМ10 честичките, во тек е спроведување на постапка за набавка на 5 нови инструменти за мониторинг станиците: Лисиче, Велес 2, Кавадарци, Кичево и Гостивар. Истите треба да се инсталираат и пуштат во употреба најдоцна до 20 Декември 2019 година.“, наведоа од Министерството.

Мерната станица во Гостивар изминатите години за време на грејната созона покажуваше големо присуство на суспендирани честитки во воздухот. Поставеноста на станицата е таква што се очекува да се регистрира уделот на загадувањето кое доаѓа претежно од согорувањето на горива за затоплување на административните згради и приватни живеалишта во зимскиот период од годината како и помал удел кое доаѓа од загадувањето од сообраќајот.

Малите вдишливи честички може да бидат едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот и може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето. Содржат канцерогени метали, прав и други материи опасни по човековото здравје.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 2 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 2 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 2 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 4 недели

Во пресрет на доаѓањето на печалбарите подготовки и мерки за ред во сообраќајот

Гостиварпред 1 недела

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена