Поврзи се со нас

Гостивар

Скоро 400 лица во Гостивар фатени зад волан без возачка дозвола, најчесто тинејџери

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека покрај другите, презема континуирани активности за откривање и санкционирање на лицата кои управуваат моторни возила без положен возачки испит и валидна дозвола. Во текот на оваа година, на поширокото полошко подрачје санкционирани се вкупно 1435 лица, од кои 1048 на тетовското подрачје и 387 на подрачјето на Гостивар.

„Најголемиот број од санкционираните лица веднаш биле исклучени од сообраќај и изготвени им се законски предвидените поднесоци. Паричната глоба за овој вид сообраќаен прекршок изнесува 250 евра во денарска противвредност, а толку ќе треба да платат и сопствениците на возилата кои им ги дале на управување, иако знаеле дека немаат положено возачки испит.“, извести портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полицијата повторно со апел, посебно до младите, прво да го положат возачкиот испит и потоа да ги управуваат возилата. Зашто, во спротивно ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, без разлика дали станува збор за автомобил или мотоцикл.

Секторот за внатрешни работи Тетово укажува дека деновиве е зголемена вкупната сообраќајна динамика на подрачјето, посебно во периодот од 12 до 20 часот и поради тоа секој учесник во сообраќајот треба максимално да се придржува кон правилата и прописите кои се однесуваат на дозволената брзина на движење, паркирањето и техничката исправност на возилата.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Македонијапред 3 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Гостиварпред 4 недели

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Гостиварпред 4 недели

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Видео емисиипред 1 недела

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 4 недели

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Гостиварпред 5 дена

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена