Вести
Православните верници слават Света Варвара
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2017/04/IMGP9712-e1491521135839.jpg)
Според календарот на Македонската православна црква денеска се празнува Св.Варвара или некои ја викаат Св.Барбара. Според традицијата се вари пченица за да се “завари”, односно да се внесе бериќет во куќата. Се сее жито во плиток сад кое треба да никне до Божиќ. Народот верува дека од Св. Варвара до Божиќ, денот се зголемува за половина час.
Света Варвара се роди во Хелиопол, за царувањето на Максимијан. Татко и беше незнабожец. Се викаше Диоскор и беше многу богат човек. Варвара израсна во осама, во богатите дворови на татко и. Нејзината мисловност и помогна да го познае Бога преку величината и совршеноста на созданието. Подоцна се крсти. Кога татко и дозна за тоа, ја предаде на властите. Света Варвара претрпе големи измачувања заради Христа и најпосле ја погуби нејзиниот безумен татко.
Во некои Европски земји, Св. Варвара е заштитничка на занаетчиите, рударите, архитектите и пожарникарите.
-
Гостиварпред 4 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
-
Гостиварпред 3 месеци
Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец
-
Занимливостипред 3 месеци
Што кажува за вас вашиот датум на раѓање?
-
Гостиварпред 2 месеци
Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица