Поврзи се со нас

Гостивар

Прослава на патронатот во ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар

Објавено

на

Со културно-уметничка манифестација и положување на цвеќе, гостиварското основно училиште „Гоце Делчев“ денес го одбележа патрониот празник.

Годинава за прв пат, патронатот се слави по повод 4 февруари, датумот на раѓањето на македонскиот револуционер и визионер, наместо како до сега на 4 мај, денот на неговата смрт.

„Одбележувањето го поместуваме, поради пролетниот распуст што е воведен од оваа година, па на 4 мај нема да бидеме на настава.“, појасни директорката на училиштето, Гордана Мојсоска додавајќи: „Големо е името на Гоце Делчев, неговото дело обврзува и дава една тежина на самиот ден како патронат на нашето училиште, кое гордо го носи неговото име.“

Пред манифестацијата беа положени буќети цвеќе на бистата на Делчев во училиштето, а свеченоста беше отворена со интонирање на македонската химна. Традиционално програмата на манифестацијата беше исполнета со реферати и рецитации за ликот и делото на Гоце Делчев, како и со музички точки.

На прославата годинава посебен впечаток и‘ даде 14 и полгодишната Андреа Данаилоска од гостиварско Здуње, која се појави во автентична комитска облека, јавајќи коњ. Инаку, за Андреа јавањето коњ е главна преокупација и хоби, и таа повеќепати учествува и во Илинденската коњаница.

Во основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар настава следат над 1.145 ученици во паралелки на македонски и на албански наставен јазик.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Македонијапред 4 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Видео емисиипред 2 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 2 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 2 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Рецептипред 4 недели

Домашен сок од цреша по рецепт на нашите баби

Гостиварпред 4 недели

Во пресрет на доаѓањето на печалбарите подготовки и мерки за ред во сообраќајот

Гостиварпред 3 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена