Гостивар
Како да се реши сообраќајниот хаос во Гостивар? Гужви по улиците, паркира кој каде сака…
Состојбата со сообраќајната инфраструктура и можните решенија за надминување на хаосот во сообраќајот беа тема на денешната дискусија што се одржа во Гостивар.
За тоа што треба да се направи за да се намали метежот по улиците и да има послободно движење и на возилата и на пешаците, дебатираа претставници на општината, полицијата, граѓански сектор, младински организации и др.
„Мислиме дека ова е најболна тема моментално, а ситуацијата е особено лоша во летниот период кога доаѓаат печалбарите. Не треба по секоја цена да користиме возила, особено кога се големите гужви, да излеземе пешки, кога е убаво времето да се движиме со велосипед. Гледаме дека секој паркира каде ќе стигне. Меѓу младите има многу такви кои немаат дозволи, а управуваат возила. Проблеми има многу“, истакна Тафа Амети, претседател на Локалниот економско-социјален совет во Гостивар.
Според податоците на подрачје на Гостивар регистрирани се околу 11.000 возила. За ублажување на сообраќајниот метеж беа образложени неколку предлог решенија.
„Како економско-социјален совет предлагаме неколку решенија, меѓу кои се катни гаражи. Тие се почнати со градба, до каде ќе стигнат се‘ уште не знаеме. Потоа, да ја подигнеме свеста за користење што повеќе велосипеди и движење пешки за да го ослободиме сообраќајот. Исто така, предлог до општината е барем до околните села да се обезбеди јавен превоз, да не мора луѓето од таму да доаѓаат со возила во градот“, кажа Амети.
Дискусијата ја организираше АДИ Гостивар во соработка со Младинскиот културен центар Битола во рамки на проект поддржан од Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.
Низ градските улици и денес владее сообраќајна џунгла. Врнежливото време дополнително го отежнува движењето на автомобилите, се создава метеж и цели редици возила особено низ централното градско јадро.
-
Гостиварпред 4 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
-
Гостиварпред 3 месеци
Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец
-
Занимливостипред 3 месеци
Што кажува за вас вашиот датум на раѓање?
-
Гостиварпред 2 месеци
Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица