Гостивар
Акциска контрола во Гостивар и Тетово: Санкционирани 18 мотоциклисти
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2022/05/281333225_317084857268715_2988645290792109623_n-e1716811065450.jpg)
Во рамките на континуираните активности за поголем ред и безбедност на сообраќајот, СВР Тетово вчера (26 мај) спроведе акциска контрола од 14 до 21 часот, насочена кон прекршоците на возачите на мотоцикли.
При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 18 прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-7), од кои најголемиот дел се однесуваа на некористење на заштитен шлем-кацига – 13 прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-5). Исто така, привремено бил одземен еден мотоцикл со регистрација која била помината повеќе од шест месеци.
Против возачите поднесени се соодветни поднесоци, а при контролата констатирани се и санкционирани 9 други сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-7).
СВР Тетово апелира до возачите на мотоцикли да ги продолжуваат осигурителните полиси и регистрации навремено, да не управуваат со мотоцикл без положен возачки испит и да ги почитуваат сообраќајните правила за да ја зголемат личната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа