Вести
Гостиварецот Виктор Ефремовски избран за најдобар млад играч за 2018 година
Бекот на КК Работнички, гостиварецот Виктор Ефремовски е избран за најдобар млад играч за 2018 година. Наградата во негови раце е повеќе од заслужена, зад Ефремовски е фантастична сезона со само 19 години во иста сезона ги освои младинската и сениорската титула со Работнички, што е единствен пример во историјата на македонската кошарка. Важи и за еден од најдобрите шутери во државава.
„Сакам да им се заблагодарам на сите што веруваа и гласаа за мене. Ова е моја прва награда и им ја посветувам на моето семејство, тренерот Докузовски и соиграчите. Нивната поддршка, доверба, времето кое го одвоија за мене имаат најголем придонес за овој успех. Наградата е само мотив повеќе за понатака. Сакам уште да ги поздравам и им поорачам на младите гостиварци кои тренираат кошарка, никогаш да не се откажуваат“, изјави Виктор за Gostivarpress.mk.
Виктор е роден 1998 година во Гостивар, каде и ги прави прави првите чекори во кошарката. Преку школата на КК Вардар во 2015 преминува во Работнички.
Изборот на најдобрите во годинава што изминува е во организација МКФ. Кошаркарските работници ширум земјава ги дадоа своите предлози за најдобрите во кошарката. Признанијата свечено ќе им бидат доделени на наградените во понеделник (24. декември).
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6