Гостивар
Платформа за антикорупција во Гостивар: Корупција има насекаде, граѓаните да пријавуваат
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2019/03/kor.jpg)
Што е корупција, како да се препознае, во кои институции може да се пријавуваат случаите и како да се делува во борбата против оваа појава? Ова беа дел од прашањата за кои граѓаните на Гостивар денес имаа можност да добијат одговори и да се информираат во рамки на промотивните активности на Платформата на граѓански организации за борба против корупција. Активисти на посебен штанд на градскиот плоштад делеа информативни брошурки и свирчиња со симболика граѓаните да се охрабрат да го подигнат гласот против коруптивни дејства и да ги пријавуваат.
Корупција има во многу делови од општеството, а во борбата против неа многу е важно секој поединец да знае да ја препознае и да биде информиран каде може да се обрати за помош, рече Марија Сунчевска, проект координатор. „Имаме добри законски решенија кои треба да се применуваат и затоа ние, како Платформа сакаме да ги истакнеме тие законски решенија и како може да се искористат. Првично мора да се зголеми свеста кај граѓаните за тоа што е корупција и како да соработуваат со институциите и граѓанските организации во насока на спречување на корупцијата“, нагласи Сунчевска.
Во рамки на денешните активности на Платформата на граѓански организации за борба против корупција во Гостивар се одржа и дебата, на која младите гостиварци се запознаа со антикорупциските практики на национално ниво и актуелните јавни политики за сузбивање на корупцијата.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа