Поврзи се со нас

Македонија

Зоран Митаноски од Кичево е среќниот добитник на Лото 7, доби 200.000 евра

Објавено

на

Зоран Митаноски од Кичево е добитникот на втората 7-ка на Лото 7 и 23-тата од почеток на приредување на лото игрите, соопштии денеска од Државната лотарија.

Зоран со своето семејство живее во Кичево, а потекнува од кичевското село Кнежино. Работи веќе 33 години во ЈП Македонски шуми. Живее во четиричлено семејство со сопругата и двата сина еден од 20 и еден од 30 години, сите освен него невработени. Семејството го издржувал со неговата мала плата. Живеат во стан од 50 м2 во најстарата зграда во Кичево, и една од најстарите во нашата земја, градена во 1952 година. Зоран е роден на денот и во часот на катастрофалниот земјотрес кој на 26-ти јули 1963 го погоди Скопје. По природа е оптимист, човек кој ги сака луѓето и природата, верува во добрина и вели дека на луѓето им требаат што повеќе насмевки.

Зоран Митаноски игра Лото веќе 40 години, сонувал да добие поголема добивка на лото, иако како што рече им се радувал и на добивките од 20 денари за Џокер број со еден погодок. Добитната комбинација ја уплатил на 21-ви септември на ден Богородица, на продажно место ТП Аива 5 во Кичево, во близина на општинската зграда на општина Кичево. Раскажува дека пет минути пред да замине на работа во втора смена го уплатил ливчето со последните пари во џебот. Вечерта бил на смена на работа и со колегата го гледале извлекувањето, но не го проверил ливчето, туку ги запишал извлечените боеви на дрвена штичка која му се нашла при рака. Додека ги пишувал бревите се понадевал дека можеби добил 4-ка.  Ливчето го проверил утредента. А потоа, со воз се упатил за Скопје, без да ја каже на домашните, вистинската причина за неговото патување. При посета на дирекцијата на Државна Лотарија,  се потврди неговата добивка со донесената потврда за уплата, а и ни го покажа и возниот билет, со последните два броја од серискиот број на билетот – 77.

По првата средба на која беше потврдена добивка од прва категорија со вредност од 11.966.712,00 денари, од 44-то коло во кое беа извлечени броевите,  5, 6,19, 26, 27, 31 и 34, Зоран Митаноски замина во Кичево, за повторно да не посети на 2-ри октомври на ден на исплатата, кога ни се довери дека 10 дена, ниту кажал некому, ниту око склопил, но планира среќата да ја сподели истата вечер, на семејна роденденска прослава на правнуката на неговата сестра, каде ќе се собрани сите.

Ова беше второ дружење со нашиот најнов добитник на 7-ка и благодарни сме му што во нашето работно секојдневие внесе ведрина со својата смисла за хумор. Посебно сме му благодарни што се согласи за објава на податоците, се согласи за снимање и фотографирање. Ние му ветивме дека првиот видео материјал со него ќе се емитува токму на вечерта на семејната прослава, а објавата ќе ја пуштиме наредниот ден откако радоста ќе ја сподели со најблиските. Како што рече, средствата од премијата ќе ги инвестира за да ги подобри условите за живеење на неговото семејство. Потреби и планови, вели, има многу и две седумки да му се паднат нема да се доволно да се надомести се што им недостига. Радосни што премијата е онаму каде била многу потребна, пожелуваме многу здравје и среќа на целото негово семејство.

Зоран Митаноски не се откажал од верба во среќата и играл Лото речиси 40 години. Обично ги играл среќните броеви на членовите од неговото семејство, но токму за 44тото коло, во недостиг на време, решил да  одигра квик пик.  Овој пат се чини дека среќата го избрала него.

Зоран Митаноски веќе прима честитки од своите блиски и сограѓани. Тој го внесе Кичево на мапата на среќни добитници на Лото премија, покрај градовите Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Кавадарци, Куманово, Битола и Скопје. Се надеваме дека неговиот пример за транспарентност ќе го следат и сите наши идни добитници на поголеми парични премии од кои најголема е премијата за 7ка во играта на среќа Лото 7, која во моментов изнесува 7.000.000 денари.

Учеството во игрите на среќа е пред се заради забава, но вербата во среќа може да ве донесе до добивки кои ќе ви го променат животот на подобро.

Кој игра, тој добива!

(комерцијална објава)

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица

Гостиварпред 2 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Гостиварпред 4 недели

Напад на малолетник во угостителски објект во Гостивар

Македонијапред 2 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 4 недели

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

Гостиварпред 4 недели

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Гостиварпред 4 недели

Редослед на богослужби во Гостивар во страдалната седмица и за Велигден

Гостиварпред 3 недели

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена