Здравје и убавина
Како двојно да ја подобрите меморијата ?
Едно истражување спроведено од Медицинскиот центар на Универзитетот Радбуд во Нијмеген, Холандија, покажалa дека секој може надпросечно да ја усоврши својата меморија, незавсно од големината и структурата на неговиот мозок.
Снимките со магнетна резонанца покажале дека секој може да ја подобри меморијата со примена на една едноставна техника, позната како „Палата на меморијата“, што ја практикувале уште старите Грци и Римјани.
Се работи за техника каде треба да се замисли одреден, добро познат простор, во кој треба да се сместат различни поими.
На пример, ако сакате да ја запомните листата за пазарување, може да ја замислите својата дневната соба, во која на одредени места, во мислите ќе поставите одредени предмети од листата. Се што треба да направите е да се сетите на кое место што сте ставиле и на тој начин многу полесно ќе се потсетите на листата во меморијата.
Учесниците во истражувањето, секој ден по 30 минути вежбале да запомнат различни зборови. Им биле потребни 40 дена, двојно да ја зголемат својата меморија. Поедини учесници, со просечни мемориски способности, а кои претходно немале никаков тренинг, на почетокот во просек запомниле 26 збора, додека на крај на експериментот 62 збора.
Четири месеци подоцна, без дополнителен тренинг, учесниците и понатака имале подобрена меморија.
„Кога ќе се запознаете со оваа стратегија и знаете како да ја примените, може да имате добра меморија и без понатамошен тренинг“- вели др. Мартин Дреслер, професор по когнитивна неврологија.
Во соработка со Е наука
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6