Поврзи се со нас

Гостивар

Објавени новите огласи за поддршка на невработени и фирми кои отвораат работни места

Објавено

на

Агенцијата за вработување ги објави новите огласи кои опфаќаат поддршка за регистрирани невработени лица и за фирми кои отвораат нови работни места.

Сите невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата кои сакаат да започнат сопствен бизнис, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање. Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како  кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места (вклучувајќи го и кредитобарателот), односно до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем.

Проектот за отворање на нови работни места во правни субјекти (микро, мали и средни претпријатија) кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис преку користење на кредитни средства е наменет за фирми регистрирани најмалку 6 месеци со има најмалку 1 вработено лице на денот на аплицирањето.  Пријава за учество во овој Проект може да достават и невработени лица евидентирани во Агенцијата како активни баратели на работа,  кои не биле во работен однос кај истиот работодавач кој аплицира за учество во проектот најмалку 1 година пред денот на аплицирањето.

Правните субјекти може да добијат кредит во износ од 5.000 евра за секое новоотворено работно место, без ограничување на бројот на лица кои може да ги вработи.

Правниот субјект кој ќе вработи невработено лице со полно работно време, има обврска да го задржи на работа најмалку 3 (три) години од денот на засновање на работниот однос.

Барањата за кредит се поднесуваат во работните клубови на Центрите за вработување секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 5 часа

Шест причини зошто пешачењето после вечера е добро

Вестипред 8 часа

Захарова: Русија ќе нападне британски цели доколку британското оружје го употреби Украина за удар на руска територија

Македонијапред 9 часа

Повеќе можни кандидати за претседател на СДСМ по оставката на Ковачевски

Гостиварпред 10 часа

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 11 часа

Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат тука

Гостиварпред 13 часа

Болница Гостивар-Пуштено во употреба обновеното невропсихијатриско одделение

Гостиварпред 14 часа

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Спортпред 15 часа

Аталанта го совлада Баер Леверкузен и ја освои Лигата на Европа

Здравје и убавинапред 17 часа

Висок крвен притисок – Тивок, а опасен непријател на здравјето

Гостиварпред 4 недели

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица

Гостиварпред 2 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Гостиварпред 4 недели

Напад на малолетник во угостителски објект во Гостивар

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Македонијапред 2 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 4 недели

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

Гостиварпред 4 недели

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена