Гостивар
Во Гостивар формирано Здружение за поддршка на лица со мултиплекс склероза
Лицата со мултиплекс склероза од Гостивар и околината добиваат можност за помош и поддршка преку новоформирано здружение. Се работи за мултиетничко здружение, кое има за цел да пружа помош околу набавка на лекови, советувања и слично. Од здружението упатија повик до лицата кои се соочуваат со мултиплекс склероза, а се од гостиварскиот регион, да им се приклучат.
„Нашето здружение Мултиплекс склероза за медикаменти е мултиетничко и го регистриравме пред еден месец. Целта е да им помагаме на луѓето во организирано обезбедување на лекови и други интервенции, доколку се потребни. Знаеме какви се предизвиците со МС и затоа сакаме да помогнеме на што повеќе лица. Апелираме да ни се обратат и да се придружат во здружението. Градоначалникот Арбен Таравари ни обезбеди простор во центарот I Can (поранешен колеџ Јахја Кемал), кадешто заинтересираните може да не најдат секој понеделник и четврток.“, вели претседателот на здружението Бурим Далипи додавајќи дека секој што сака да стане дел од здружението може да го контактира и на телефонскиот број: 077-889-290.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6