Гостивар
Г.Јосиф на богослужба во Гостивар: „Црквата Христова е коработ на спасението“

Во петтата недела по педесетница митрополитот Тетовско-гостиварски господин Јосиф богослужеше света литургија во соборниот храм Успение на Пресвета Богородица во Гостивар.
Во својата беседа митрополитот меѓу другото нагласи: „Црквата Христова е коработ на Спасението. Како што тогаш единствените луѓе кои се спасиле од потопот биле оние во коработ, така спасението на денешниот човек е можно само во мисловниот кораб-Црквата. Единствено во неа луѓето се преобразуваат, стануваат светли, добиваат образ. Не дека стануваат безгрешни далеку од тоа но, и кога ќе згрешат знаат дека треба да се покаат и да се вратат повторно при Бога. Не треба да го занемариме и тоа дека кај активните членови на Црквата борбата со злото е многу поголема отколку кај оние што се надвор од неа, или недоволно се трудат во добродетелите. Злото од овој свет не се бори со оние кои веќе ги владее, туку со оние што упорно му се спротивставуваат. Свети Јован Златоуст вели: Црквата е болница, а не судница. Таа не ги осудува нашите гревови,туку ги простува. И ќе завршам со зборовите што ги прочитав од еден отец Георги Калчу кој вели:Вие сте во Христовата Црква секогаш кога подигате човек скршен од болка, кога давате милостина на сиромашните, кога посетувате болен. Вие сте во Христовата Црква кога се молите: „Господи, помилуј ме!“ Вие сте во Христовата Црква кога сте добри и трпеливи, кога не се гневите на својот брат, иако тој ги повредил вашите чувства. Вие сте во Христовата Црква кога се молите: „Господи, прости му!“ Кога чесно се трудите во работата и дома се враќате изморени, но насмеани; кога за злото враќате со љубов“.
На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
фото:тетовско-гостиварска апархија
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!