Поврзи се со нас

Македонија

Граѓаните за онлајн шопинг лани потрошиле 573,4 милиони евра

Објавено

на

Граѓаните во Македонија минатата година со своите платежни картички во странство потрошиле 573,4 милиони евра од кои 34 отсто или 195,6 милиони евра потрошиле онлајн, купувајќи производи и услуги посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. Ова го покажуваат податоците од Народната банка што ги анализираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

Во однос на 2022 година Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2023 година потрошиле 25,3 отсто повеќе. Бројот на е-трансакциите кон странските земји изнесува 4.6 милиони, а просечната трансакција 43 евра. Вкупно 72 отсто од вредноста и 80 проценти од бројот на направените трансакции се во Холандија, Обединето Кралство, Унгарија, Ирска, САД, Луксембург. Грција и Германија.

Граѓаните во 2023 година потрошиле најмногу пари во Холандија (27,5 милиони евра), додека во Луксембург направиле најголем број на трансакции (890 илјади). Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оставриле во Унгарија односно 144.3 евра, додека во Луксембург направиле најниска просечна трансакција, 11,7 евра.

Најмногу трансакции се направени кон Холандија, Обединето Кралство и Унгарија и оствариле вредност од 77 милиони евра, што преставува 39% од вкупно остварената вредност онлајн во странство. Истото е очекувано ако се има предвид дека од овие земји потекнуваат Booking.com (Холандија), Amazon UK, ASOS (Велика Британија) и WizzAir (Унгарија), додека највисокиот оставерн број на трансакции од Македонци во Луксембург се должи на тоа што во Луксембург се регистрирани европските филијали на Amazon и АliExpress преку кои се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од европските земји, без Велика Британија.

-Растот остварен во 2023 година во однос на минатата година изнесува 25% наспроти 46% во 2022 година спрема претходната. Притоа минатата година спрема земјите од каде што се букираат патувања и хотели имаше висок пораст, на пр. кон Холандија (114%) и Унгарија (82.4%), а во 2023 година истиот е забавен и изнесува 41.5% и 21.6% соодветно во однос на 2022 година. Најголем пораст во 2023 година од земјите кои сочинуваат 72% од вкупната вредност остварена со македонски картички кон странски е-трговци е остварен кон Грција (81.6%). Онлајн купувањето кон странски платформи, без разлика дали е тоа за производи или за резеравции во хотели може да влијае позитивно и за домашните е-трговци со оглед дека се работи за менување на навики и зголемено користење на онлјан купување воопшто. Од друга страна зголемената побарувачка ќе ги стимулира домашните трговци да ја зголемуваат и унапредуваат понудата и целокупното онлајн искуството за купувачите, вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

Согласно објавените податоци од Народната банка, странски иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2023 година потрошиле 26.8 милиони евра, што во однос на минатата година претставува пораст од скоро 23%. Остварената вредност странските онлајн купувачи ја направиле во 852.3 илјади трансакции или просечно потрошиле 31.4 евра по трансакција. Од вредноста на вкупно направените трансакции од странци кон македонски е-трговци во 2023 година 50% припаѓаат на иматели на платежни картички од 8 земји. Скоро 4 милиони евра или 18.5% од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 2.6 милиони евра или 9.7% од Швајцарија и 1.7 милиони евра или 6.2% од Обединетото кралство. Потоа следат германските иматели на картички кои направиле 5.6% од онлајн трансакциите, Турција со 4%, и Ирска и Бугарија 3% од вредноста на онлајн трансакциите.

Најголем пораст на бројот како и на вредноста на направените онлајн трансакции од странски иматели на платежни картички во 2023 година во однос на претходната година е остварен од Ирска, додека највисока просечна трансакција е направена од Бугарија во износ од 43 евра.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 4 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 4 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 3 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Гостиварпред 6 дена

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Вестипред 4 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Гостиварпред 2 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Гостиварпред 4 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена