Гостивар
Грипот се шири меѓу гостиварци – за една недела околу 200 заболени

Гостивар останува град со најмногу заболени од вирусот на грип сезонава во Македонија. Заразата се шири и секојдневно расте бројката на пациенти.
Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, за една недела на гостиварското подрачје, грип фатиле 183 лица. Заедно со нив, вкупната бројка на заболени достигнува скоро 500, што според анализите на надлежните значи дека во Гостивар има средна активност на вирусот. Во останатите градови низ земјава, активноста на грипот е дефинирана како многу ниска или сезонска.
Во следниот период, епидемиолошката служба ќе зема на брисеви од заболени со типични симптоми на гри, со чија анализа ќе се утврдува за кој точно тип на вирус станува збор.
Дополнителен ризик за ширењето на грипот претставува почетокот на второто полугодие, поради што лекарите препорачуваат учениците, но и сите граѓани да го подигнат нивото на превенција: да одржуваат редовна хигиена на рацете, да внесуваат храна која содржи витамини, да пијат топли пијалоци и да избегнуваат контакти со заболени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден