Поврзи се со нас

Гостивар

Планот за вработување во општина Гостивар за 2019 падна на Совет

Објавено

на

Гостиварскиот Совет не го усвои Планот за вработување за 2019-та година на општина Гостивар. На денешната седница на советот, овој документ беше прв на дневен ред, но не доби зелено светло од советниците. На гласањето му претходеше пауза за координација, откако претходно советникот од Демократски сили на Ромите, Кашмир Салиу побара целата 11 седница да биде одложена, па потоа го повлече својот предлог.

„Сметам дека седницата треба да се одложи, со оглед на тоа што до сега траеше продолжението на 10-тата седница, сме немале пракса да држиме две седници во еден ден и мене лично ми треба време за разгледување и консултации со одредени колеги советници. Сепак, треба да одлучуваме за важни предлози како што е Планот за вработување“, рече од говорницата Салиу.

По паузата советникот, од истата говорница изјави дека го повлекува својот предлог за одложување на 11 седница. „Затоа што очигледно не може да се има координација со никого во овој Совет, го повлекувам предлогот да се одложи седницата, нека си продолжи седницата“, рече Салиу и по обраќањето ја напушти седницата. Инаку, Салиу беше клучен во обезбедување на мнозинството во Советот, што го предводи ДУИ.

За дискусија околу Планот за вработување не се јави никој, а од присутните 27 членови на Советот, ЗА гласаа 13 од партиите кои ја поддржуваат локалната власт, што не беше доволно документот да биде усвоен.

Останатите точки на дневен ред од седницата беа донесени со поддршка на сите советници:  Финансиски извештај на ЈП „Градски паркинг и зеленило“ Гостивар за периодот јули, август, септември 2018 година, Одлука на управниот одбор на претпријатието за  измена и дополнување на ценовникот за зонско паркириање, годишна Програма за јавна чистота на јавни површини и отворени простори на јавни објекти, Програма за работа на „Комуналец“ за 2019 година, Програма за уредување на градежно земјиште, изградба, реконструкција и одржување на локални патишта на подрачјето  на Општина Гостивар, Листата на приоритетни проекти за уредување и изградби на локални улици и патишта за 2019 година и други.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица

Гостиварпред 2 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Гостиварпред 4 недели

Напад на малолетник во угостителски објект во Гостивар

Македонијапред 2 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 4 недели

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

Гостиварпред 4 недели

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Гостиварпред 4 недели

Редослед на богослужби во Гостивар во страдалната седмица и за Велигден

Гостиварпред 3 недели

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена