Вести
МНР: Да не се патува во загрозените подрачја во Грција
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2022/03/mnr-mk.jpg)
Министерството за надворешни работи (МНР) апелира сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја од невремето во Грција и да останат на сигурно се до евентуална евакуација и посочува дека според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со денеска еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел.
Информираме дека дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел давање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја, велат од МНР и изразуваат сочувство до семејствата на жртвите од големото невреме што ја зафати Грција.
На располагање се, додаваат, СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа