Поврзи се со нас

Гостивар

Прес на СДСМ Гостивар за економските антикризни мерки и изборите

Објавено

на

Општинската организација на СДСМ во Гостивар на прес конференција ги претстави економските  антикризни мерки донесени од Владата.

„Ние одлучивме дека оваа здравстена и финансиска криза нема да ја гледаме само како проблем и ризик, туку пред се како нова можност за нова македонска економија, за структурни промени и раст. Ефектите од овој нов пакет економски мерки се на сите нивоa, ќе ги осетат сите граѓани и многу ресори во економијата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка. Овој пакет мерки ги опфаќа: граѓаните-невработените лица, социјално ранливите категории, младите (средношколци, студенти и млади до 29 години), домаќинствата со ниски примања, погодените сектори од кризата, домашните компании (производствени, прехрамбени и други капацитети), извозните, услужната дејност и туризмот. Вкупниот влог во новата развојна македонска економија, трите пакети мерки изнесуваат 550 милиони евра или 5 до 5.5% од БДП и со нив ќе бидат опфатени 730.000 корисници. “, нагласи претседателот на СДСМ во Гостивар, Драгољуб Филипоски зборувајќи за воведувањето на домашните платежни картички, ваучери за средношколците, ваучери за туризам и слично.

Во однос на датумот на парламентарните избори, Филипоски рече дека доколку нема консензус, изборите по сила на закон ќе бидат на 21 јуни.

„Тогаш истекуваат сите изборни рокови, 22 дена после завршувањето на вонредната состојба. Верувајте, ние најмногу сакаме да дојдеме до консензус. И досега правевме се и ќе продолжиме и натамуда вложуваме максимум за заеднички договор. Не е добро ни за ДПМНЕ, ни за нас, ни за државата да нема консензус по вакви прашања. Но, ако сепак ДПМНЕ инсистира да нема датум за избори, тогаш по сила на закон изборните рокови го проектираат 21 јуни како изборенден, тука веќе работите независат од нас туку од законите. ВМРО-ДПМНЕ гласаше за распуштање на Собранието, поддржаа распишување избори, влезе во техничка влада за да заедно организираме избори, поднесе пратенички листи, стави печат на кандидатските листи, учествуваше во жребувањето и дури има и свое бројче на гласачкото ливче. Ако нема консензус, на изборите на 21 јуни на гласачкото ливче со сигурност ќе ја има листата на ДПМНЕ.“, истакна Филипоски.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 2 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 2 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 2 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Во пресрет на доаѓањето на печалбарите подготовки и мерки за ред во сообраќајот

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 1 недела

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена