Поврзи се со нас

Македонија

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Објавено

на

„Постојано подаваме рака, сакаме да и помогнеме на која и да е влада за да го подобриме системот на привлекување инвестиции, и странски, но и од дијаспората. Не сме до сега многу успешни во тоа. Во моментов подаваме рака за две клучни области – дигитализација и конкурентност, конкурентност повеќе во смисла како да ја подобриме регулативата, како да создадеме повеќе извозници, но како да ги промениме и институциите за да бидат по наклонети кон економски развој и сето тоа во насока на постигнување пет отсто стапка на раст“, порачаа директорите на Македонија 2025.

Тие денеска, на прес-конференцијата по првиот панел од Самитот во Скопје, истакнаа дека за да има што повеќе инвестиции од дијаспората во земјава, неопходни се стабилни институции, економски можности за инвестирање и искоренување на корупцијата.

Дијаспората, како што беше речено, засега им помага на домашните фирми за да почнат или да реализираат што поголем извоз, но таа помош и поддршка треба подобро да се канализира.

Еден од приоритетите на кои мора да се работи, нагласија директорите, е и брендирање на државата, на тоа како ќе не препознаваат во светот – како бизнис дестинација, дестинација со одлични образовни институции,… Тие повторно укажаа и на потребата од подобар образовен систем и инфраструктура, што ќе овозможи да фатиме економски приклучок со сите останати земји во регионот и пошироко.

„Инвестициите од дијаспората или наречени директни инвестиции од дијаспора се нешто што оди заедно „рака под рака“ со странските директни инвестиции и веројатно важат истите услови и за дијаспората и за странците дали ќе инвестираат. Условите се знае кои се, стабилни институции, силни институции, да нема корупција и секако, да има економски можности за инвестирање. Од оние што се присутни на Самитот, членови на Одборот, директори,…, тоа се приватни формации и да, инвестирале во Македонија, имаат свои бизниси тука, но уште поважно е дека работат со домашните бизниси, им го трасираат патот во тоа да работат, извезуваат низ целиот свет, а исто така и преку нашата посебна програма „Контектум мк“ или „Поврзете се со Македонија“ голем дел или 90 лица од дијаспората се вклучени во менторирање и работа со домашни компании токму за да им помогнат како да почнат да извезуваат или да го зголемат својот извоз. Дијаспората навистина многу помага, но мислам дека треба повеќе да се канализира таа поддршка и се надевам дека со градење силни институции, дијаспората уште повеќе ќе се вклучи во економскиот и демократскиот развој на Македонија,“ изјави извршната директорка на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски.

Директорите на Македонија 2025 најавија состаноци со повеќе владини институции и со идниот мандатар на владата Христијан Мицкоски и неговиот тим. Мицкоски утре, како што е предвидено, треба да го затвори дводневниот Самит.

-Ќе подадеме рака за поддршка и помош во било каква и да е форма – човечки ресурси, знаење, контакти, финансиски средства, навистина сме спремни. Неколку пати упативме пораки дека ова е еден пресврт или може да биде и треба да биде пресврт во нашата економија и развој и дека ние сме спремни тука да одиграме многу конструктивна улога, заклучи извршната директорка на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 4 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 4 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 3 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Гостиварпред 6 дена

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Вестипред 4 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Гостиварпред 2 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Гостиварпред 4 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена