Поврзи се со нас

Македонија

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Објавено

на

Стопанската комора на Северна Македонија стои на располагање во изнаоѓање, односно вмрежување на локалните домашни компании кои треба максимално да бидат вклучени при реализација на активностите во сите фази на проектот за коридорите 8 и 10д, било договорено на вчерашниот состанок на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и неговите соработници со раководството на компанијата „Бехтел и Енка“.

Двете страни, како што соопшти Стопанската комора се договориле и понатаму да ги продолжат контактите со засилено темпо со што би се олеснила реализацијата на овој проект.

На состанокот, Азески и раководството на „Бехтел и Енка“ разговарале за динамиката за остварување на планираните активности. Притоа од страна на Азески било потенцирано дека за нас е многу значајно да завршат на време сите планирани активности бидејќи реализацијата на овој круцијален и најголем инфраструктурен проект е значаен не само за нашата држава туку и за целиот регион па и пошироко.

Од страна на раководството на „Бехтел и Енка“, како што е наведено во соопштението, било подвлечено дека тие во моментот интензивно работат на сите подготвителни работи и теренски истражувања кои се важни за реализација на активностите и дека се во постојана соработка и координација со домашните надлежни институции во врска со тие активности.

Раководството на „Бехтел и Енка“ побарало поддршка од Стопанската комора во насока на обезбедување на работна сила која за целиот планиран период додека ќе трае реализација на проектот треба да достигне бројка од 4 000 работници (квалификуван кадар-инженери и сл. како и неквалификуван кадар-општи работници).

-Стопанската комора на Македонија ќе поддржи секакво решение што ќе значи побрза и поквалитетна активност при реализација на овој проект (Коридорите 8 и 10д) со оглед на фактот дека сметаме дека ова е најзначаен инфраструктурен проект во наредните 10 години, се посочува во соопштението.

Договорот со  „Бехтел и Енка“ беше потпишан во март минатата година и со него е предвидена изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа – Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 4 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 4 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 3 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Гостиварпред 6 дена

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Вестипред 4 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Гостиварпред 2 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Гостиварпред 4 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена