Македонија
Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното
Додека во светот се одбележува Неделата за подигнување на свесноста за солта, податоците за навиките во исхраната на македонските граѓани укажуваат на недисциплина и негрижа за сопственото здравје.
Според податоците кои ги објави Институтот за јавно здравје, граѓаните внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното количество. Препораките на медицинските лица се да се ограничи внесот на солта на 5 или помалку од 5 грама дневно, а просечниот дневен внес на сол на жителите на Македонија изнесува 12,1 грам.
Овогодинешната тема на Неделата за подигнување на свесноста за солта е „Време е да се сврти вниманието на солта”, истакнувајќи го прашањето за „скриената” сол (натриум) во многу преработени и ултра-преработени производи.
Во многу земји, три четвртини од натриумот во исхраната доаѓа од ултра-преработена и преработена храна, како што се леб, сосови и преливи, крекери и колачиња, готови оброци, преработки од месо и сирења, предупредуваат од Институтот за јавно здравје.
-
Гостиварпред 4 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
-
Гостиварпред 3 месеци
Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец
-
Занимливостипред 3 месеци
Што кажува за вас вашиот датум на раѓање?
-
Гостиварпред 2 месеци
Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица