Гостивар
Голем шумски пожар над Горно Јеловце
Гори шума на Шар Планина над гостиварското село Горно Јеловце. Од Центарот за управување со кризи информираа дека екипи интервенирале преку денот, ноќното гаснење го оценуваат како ризично и во зависност од состојбата, утре наутро пожарот ќе се гасне од воздух.
„Се работи за тешко пристапен стрмен терен. Има се‘ уште екипи таму на лице место, но гаснењето во ноќни услови е многу ризично, утре рано наутро во зависност од состојбата, ќе се организираме и ќе се интервенира со авион и хелокоптер.“ информираше во изјава вечерва за Gostivarpress.mk директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
ЦУК Гостивар денеска известил дека од пожарникарите од ТППЕ Гостивар добиле информација за пожар во Горно Јеловце што е под надлежност на НП „Шар Планина“. Екипи од НП известиле дека излегле на терен до локацијата кадешто горело пасиште. Во гаснењето учествувале локални жители, а од НП информирале дека организирале и ангажирање доброволци планинари за помош. од ЦУК Нивни екипи и истите
Инаку, според информациите од СВР Тетово изминатиот период на подрачјето што го покриваат, секојдневно се регистрираат по 5-6 пожари на отворено, претежно гори сува трева, меѓи, стрништа, диви депонии и сл.
-
Македонијапред 3 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 1 месец
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад