Поврзи се со нас

Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ Гостивар ги обвинува СДСМ и ДУИ за грубо кршење на принципите за правично вработување во ЈЗУ Општа болница “Др. Ферид Мурад”

Објавено

на

    Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, преку соопштение реагира на одлуката за вработувања на медицински персонал во општата болница во Гостивар, каде ги обвинува СДСМ и ДУИ за грубо кршење на начелото за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници при вработување во ЈЗУ Општа болница “Др. Ферид Мурад” – Гостивар.

    Соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар го пренесуваме во целост:

    „Во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на уште една сцена од серијалот “Едно општество за сите – концепт со кој СДС требаше да обезбеди демократски вредности и еднакви можности за сите” но СДС во улога на потчинет чирак на ДУИ по којзнае кој пат дозволи да се случи грубо кршење на начелото за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници при вработувањето во ЈЗУ Општа болница “Др. Ферид Мурад” – Гостивар.

    СДС како дел од владиното мнозинсто со најголем број на пратеници во истото, наместо да ја спречи оваа дискриминаторска одлука за избор на кандидати, продолжи да биде потчинет чирак на ДУИ и соучесник во истото.

    Очајни и смешни се обидите на СДС преку паушални соопштенија до јавноста да бараат преиспитување на одлуката за избор на кандидати во државни институции каде што тие имаат свои претставници со право на одлучување.

    СДС се со цел да го прикрие нискиот рејтинг во Гостивар и ИЕ6 на секој начин пробува да му удоволи на ДУИ за да ги земе на заедничка листа за пратеници во ИЕ 6, бидејќи СДС се свесни за поразот што ги очекува на 8-ми Мај.

    Во Македонија никогаш не било полошо. Затоа е важно е да ги поразиме!

    ОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.“

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 1 час

    Од утре (четврток) времен режим на ул.„Беличица“, почнуваат работите за реконструкција

    Гостиварпред 4 часа

    Во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на автомобил

    Здравје и убавинапред 7 часа

    Добра конзервирана храна што вреди да ја имате при рака

    Гостиварпред 9 часа

    Метео аларм за дожд, ветер и грмежи

    Македонијапред 22 часа

    Законски регулирана дополнителната и сезонската работа

    Културапред 23 часа

    „Од Вардар за Вардар“ – Јубилеен концерт на хорот „Вардар“ во Гостивар

    Гостиварпред 1 ден

    Општина Гостивар за протестот на земјоделците: Некои од критиките се неосновани и претерани, ќе се заложиме за соодветно решение

    Гостиварпред 1 ден

    Протест на земјоделци од полошко: Ќе ги блокираме Гостивар и општината ако не се отвори каналот за наводнување

    Македонијапред 1 ден

    Минималните трошоци во мај зголемени за околу 20 евра

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена