Поврзи се со нас

Вести

Во Германија 563 евра државна помош за невработени, луѓето сметаат дека не вреди да работат за плата

Објавено

на

Мнозинството Германци веруваат дека повеќе не вреди да се работи, со оглед на зголемената државна поддршка, покажува истражување на јавното мислење на институтот ИНСА за дневниот весник „Билд“. 52 отсто од испитаниците сметаат дека работата не се исплати, 40 отсто го мислат спротивното, а осум отсто одбиле да одговорат на прашањето.

Во понеделникот, веста дека работник во магацин од Бад Ајнхаузен во западна Германија ја напуштил работата откако дознал за најновото зголемување на бенефициите за невработеност го привлече вниманието на јавноста.

Според последната одлука на Владата, оваа помош од 1 јануари 2024 година ќе се зголеми за 61 евро, со што ќе изнесува 563 евра месечно за самец. Треба да се додаде дека државата ги покрива сите трошоци за домување и здравствено осигурување за примателите на помош.

Магационерот кој даде отказ тврди дека со малку „прикриена работа“ и државна помош може да заработува повеќе месечно отколку на работа.

Весникот „Билд“ пресметал дека вработен кој работи за минимална саатница (моментално 13,90 евра) заработува околу 2.000 евра бруто и дека по одбитоците за данок, пензиско и здравствено осигурување и по плаќањето кирија и комуналии, му остануваат околу 600 евра, малку повеќе од бенефиции за невработеност.

Повеќето од оние кои мислат дека повеќе не вреди да се оди на работа се гласачите на десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД). Гласачите на партиите на владејачката коалиција, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП) сметаат дека работата се исплати.

Министерот за финансии Кристијан Линднер минатата недела рече дека бенефициите не треба да делуваат како дестимулација за оние кои сакаат да работат.

„Најдобар начин за излез од сиромаштијата е да се биде вработен“, рече Линднер.

Претседателот на најголемата опозициска партија, Христијанско-демократската унија, Фридрих Мерц изјави дека оние што одат на работа на крајот на месецот мора да имаат повеќе во џебот од оние што добиваат државна помош.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 минути

Куче скитник во Тресонче нападнало жена и усмртило куче домашен миленик

Македонијапред 53 минути

Мицкоски за во вторник најави прва инвестиција од над 400 милиони евра

Рецептипред 2 часа

Летен ручек, одличен за периодов на жештина кога се јаде помалку и полесна храна

Македонијапред 3 часа

Во новата Влада ќе има 20 мажи и само три жени

Вестипред 4 часа

Денеска е Задушница, во знак на сеќавање на починатите

Здравје и убавинапред 16 часа

Намирници кои можат да ви помогнат да се разладите во топлите денови

Гостиварпред 20 часа

Во уникатната библиотека на гостиварецот Јанко Билбилоски: Ретки и први изданија, буквари, читанки, монографии…Полици кои сведочат за времиња, луѓе, настани

Регионпред 22 часа

Струја снема и во повеќе градови во Албанија

Регионпред 24 часа

Без струја Црна Гора, БиХ и делови од Хрватска

Гостиварпред 1 недела

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Македонијапред 4 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Видео емисиипред 2 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 1 недела

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 3 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 4 недели

Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат тука

Гостиварпред 2 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Рецептипред 4 недели

Домашен сок од цреша по рецепт на нашите баби

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена