Поврзи се со нас

Гостивар

Градежните работи на Коридор 8 ќе почнат со минирање на планина над гостиварско Дебреше следната недела

Објавено

на

Вицепремиерот Артан Груби најави дека механизацијата која ќе работи на изградба на автопатиштата предвидени во Коридор 8 е на пат кон државата. Откако на почеток на јуни беше означен почетокот на геомеханичките испитувања на почвата за изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, сега според владините министри ќе се почне и со градежни работи.

„На 12-ти започнуваат градежните активности над село Дебреше, а досега проектирањето оди во одлична форма од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“ и кај сите компании коишто се ангажирани. Тие веќе имаат закупено огромен дел од механизацијата којашто е на пат кон нашата земја и веќе како што гледате градежни работи се вршат насекаде, ќе продолжат и со Коридорот 8, со минирање на планината над Дебреше, и на трансфер на цел тој материјал, на новиот автопат Тетово и Гостивар којшто ќе се изгради“, информираше Груби денеска по увидот кој владините функционери го направија по повод обновата на автопатот Скопје-Тетово исто така дел од Коридор 8.

На новинарско прашање кога ќе може да се очекува завршување на автопатот од Охрид до Кичево, министерот Благој Бочварски е со став дека за сите патишта коишто се почнати ќе се прават максимални напори да се завршат.

„Овде станува збор и за оваа делница којашто се рехабилитира и за автопатот Кичево-Охрид којашто ја затекнавме со голем број на проблеми. Проблемите се решаваат, се отклонуваат, веќе се тестира третиот слој на асфалт и се започнува со третиот асфалт, се прави избор на заштитната ограда на овој автопат и ќе започне асфалтирањето на третиот слој. Така што, ние ќе направиме се, ги правиме сите координации, притисоци изведувачите да си ја завршат својата задача, бидејќи институциите својата задача си ја завршија. Да почне сукцесивно дел по дел да се пушта автопатот од тоа што е подготвено. Пред некој ден се заврши клучката кај аеродромот Охрид и е пуштена во сообраќај, така што продолжува секој оној дел којшто ќе биде приспособен согласно стандарди, процедури, да биде безбеден и да биде пуштен во сообраќај. Ќе почне од Охрид кон Подмоље асфалтирање на третиот слој и продолжуваме кон аеродромот Охрид, Ботун и кон Кичево“, изјави Бочварски.

Владините функционери информираа дека преку саеми за вработување продолжуваат да се вработуваат работници за изградба на Коридор 8.

„Огромен интерес има и Владата сите тие две илјади работни места да се пополнат од наши граѓани. Платите се многу конкурентни, работните места се најразлични и се надевам дека ќе аплицираат граѓани и ќе ја видат шансата да се стекнат со огромно искуство работејќи за голем конзорциум како што е Бехтел и Енка“, изјави Груби.

Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми на дел од Коридор 8 се очекува да се направи и обиколницата за Тетово.

„Очекуваме за две недели да завршат и да имаме избор на градежна фирма за обиколница на Тетово и за надзор на обиколница на Тетово. Ако успееме за овие 10-15 дена да ги избереме и да заврши таа процедура очекуваме во почетокот на октомври да започнеме со градбата на обиколницата Тетово којашто е многу потребна за градот Тетово“, изјави Ејуп Рустеми.

Воедно, според Рустеми, деновиве ќе почне вонреден режим на сообраќај поради градежни активности за модернизација на двете патарини помеѓу Скопје и Тетово, Глумово и Желино, по што за шест месеци ќе има можност за електронско плаќање.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 минути

Куче скитник во Тресонче нападнало жена и усмртило куче домашен миленик

Македонијапред 51 минута

Мицкоски за во вторник најави прва инвестиција од над 400 милиони евра

Рецептипред 2 часа

Летен ручек, одличен за периодов на жештина кога се јаде помалку и полесна храна

Македонијапред 3 часа

Во новата Влада ќе има 20 мажи и само три жени

Вестипред 4 часа

Денеска е Задушница, во знак на сеќавање на починатите

Здравје и убавинапред 16 часа

Намирници кои можат да ви помогнат да се разладите во топлите денови

Гостиварпред 20 часа

Во уникатната библиотека на гостиварецот Јанко Билбилоски: Ретки и први изданија, буквари, читанки, монографии…Полици кои сведочат за времиња, луѓе, настани

Регионпред 22 часа

Струја снема и во повеќе градови во Албанија

Регионпред 24 часа

Без струја Црна Гора, БиХ и делови од Хрватска

Гостиварпред 1 недела

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Македонијапред 4 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Видео емисиипред 2 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 1 недела

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 3 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 4 недели

Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат тука

Гостиварпред 2 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Рецептипред 4 недели

Домашен сок од цреша по рецепт на нашите баби

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена